fbpx

Детали за разводот: По Северина се огласи и Игор

Само еден ден по официјализирањето на разводот за кој јавноста долго зборуваше, хрватската поп-ѕвезда Северина (49) даде опширна изјава за „Јутарњи лист“.

Таа напиша меил до редакцијата во кој наведува дека одлуката за разидувањето со Игор Којиќ (34) ја донеле заеднички и дека не сака дополнително да коментира на таа тема.

„Мојата посветеност кон синот и битката за старателство се мојот фокус последните 20 месеци. Игор беше прекрасен партнер, поддршка и поткрепа во тежок период од мојот живот и му ја посакувам сета среќа на овој свет. Знам дека сум јавна личност, но не сум јавна боксерска вреќа“, напиша Северина.

Во меѓувреме се огласи и нејзиниот, сега веќе поранешен сопруг.

„Се’ е кажано. Ви благодарам на разбирањето“, изјави тој за „Слободна Далмација“.

Со Северина ѝ го скрши срцето: Игор ја остави оваа убавица!

Хрватските медиуми шпекулираат дека Северина и Игор не живеат заедно уште од април минатата година, но дека Северина го одложувала формализирањето на разводот поради спорот кој го води со таткото на нејзиното дете, бизнисменот Милан Поповиќ.

Фото: Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Драган бре, душо мила: Трогателна посвета за момчето кое загина во Аеродром

Македонската јавност се’ уште е вознемирена од сообраќајната несреќа во скопски Аеродром во која загина 24-годишниот Драган Арсов. Негови блиски пријатели и роднини во негова чест постојано објавуваат емотивни посвети на социјалните мрежи. Последен поздрав за Драган упати и Мото-клубот „Вепар“. – Драги другари, драги пријатели на моторџиството, со тешко […]