fbpx

Драган бре, душо мила: Трогателна посвета за момчето кое загина во Аеродром

Македонската јавност се’ уште е вознемирена од сообраќајната несреќа во скопски Аеродром во која загина 24-годишниот Драган Арсов.

Негови блиски пријатели и роднини во негова чест постојано објавуваат емотивни посвети на социјалните мрежи.

Последен поздрав за Драган упати и Мото-клубот „Вепар“.

– Драги другари, драги пријатели на моторџиството, со тешко срце сакаме да ве известиме дека синоќа во тешка сообраќајна несреќа почина нашиот клупски брат, Драган Арсов. Сочуство до фамилијата! Rest in peace, our brother – напишаа неговите другари.

Оваа објава за кратко време стана вирална.

„Драган бре, душо мила, прерано си замина кај ангелите и не’ напушти. Нека ти биде светол патот небесен“, искоментира негова пријателка.

Арсов беше погребан денес на гробиштата во Лисиче. На вечното почивалиште беше испратен со поворка од Мото-клубот „Вепар“.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

За чипот и за глупавоста: Д-р Кузмановски удри по антиваксерите

Па, еве ден пред моето враќање со работа во модуларната болница добив потреба, после повеќе од година, да напишам нешто јавно.. Не дека досега чував некоја државна тајна, едноставно немав потреба јавно да се испразнам. Ама после 2 месеци работење превентива од COVID-19, односно работа во регионалниот вакцинален пункт, па […]