fbpx

Тешко време дојде: Потресна порака на Лепа Брена за Иван Тасовац

Ненадејната смрт на поранешниот српски министер за култура и директор на Белградска филхармонија, Иван Тасовац, шокира многу негови пријатели и соработници, а тешко ја поднесе и Лепа Брена.

Фолк-ѕвездата се прости од докажаниот композитор со потресна порака.

„Тешко време дојде. Си одат најдобрите. Тешко е веќе да се бираат зборови. Да познаваш луѓе професионално и приватно е големо богатство. Тасовац беше феноменален и оригинален истовремено. Жал ми е што замина толку рано. Мое искрено сочуство до семејството“, изјави Брена.

Српските медиуми пишуваат дека 55-годишниот уметник имал вообичаен ден. Со пријателите играл баскет, активност што често ја практикувал. Никој не можел да претпостави ваков трагичен крај, пишува српски „Курир“.

Фото: Курир.рс

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Се посрамоти: Глупав потег на Карлеуша на погребот на Марина Туцаковиќ

Освен општествено-политичките случувања, главна тема во регионот денеска беше погребот на легендарната Марина Туцаковиќ. Семејството ја испочитува нејзината последна желба да биде погребана покрај нејзиниот син Милош кој почина пред 13 години. Бројни пријатели, колеги и роднини денеска се собраа на Новите гробишта во Белград за последен пат да се простат од […]