fbpx

Претажно! Еве од што починал 25-годишниот актер кој беше миленик и на македонската публика

Пред два месеца светот се шокира по информацијата за смртта на 25-годишниот Ангус Клауд, ѕвездата од хит-серијата „Еуфорија“.

Сега конечно се огласија лекарите и ја соопштија причината за трагедијата.

Младиот актер починал од „случајно предозирање“. Аутопсијата покажала смртоносна комбинација од фентанил, кокаин и мет во неговиот организам, па неговата смрт е заведена како несреќен случај.

По трагедијата, семејството изјави дека Клауд долго време се борел со психички проблеми и упати порака до сите кои се борат со менталното здравје дека не се сами.

„Со голема болка моравме да се збогуваме со овој неверојатен човек. Ангус беше посебен по многу нешта, и како уметник, но и како пријател, брат и син. Минатата недела го погреба татка си и тешко ја поднесе загубата. Единствената утеха што ја имаме е да знаеме дека Ангус сега е повторно со него. Неговиот татко беше негов најдобар пријател. Ангус се бореше со менталното здравје и се надеваме дека неговата смрт ќе биде потсетник за другите дека не се сами и дека не треба да се борат во тишина“, соопшти тогаш семејството.

Во мегапопуларната серија „Еуфорија“, Агнус го играше шармантниот лик Феско, од 2019 до 2022 година.

Следни Објави

Пејачката ја дигнаа во воздух со 10 кила експлозив: Тања плати со својот живот, нејзината смрт останува мистерија

Тања Ќосиќ беше пејачка на оркестарот „Идила бенд“, а нејзината смрт и по толку години е вистинска мистерија. Интерпретаторката од Ужице беше ликвидирана во 2005 година на 34-годишна возраст. Сè уште непознатиот убиец, пред 18 години подметна десет килограми тротил под нејзиниот автомобил во населбата кадешто живееше , со што […]