fbpx

Ја изгубивме за три дена, сега се молиме за Јован: Сестрата на Ана неутешна

Се’ уште не стивнуваат реакциите по смртта на 36-годишната трудница Ана П. од Врњачка Бања која почина од последици на Ковид-19.

Во понеделникот таа била хоспитализирана во исклучително тешка состојба, а по четри дена ја изгубила битката со вирусот.

Нејзината серија Марија не може да се помири со таргедијата.

„Уште не сме свесни што не’ снајде. Кога последен пат ја слушнав, успеа да ми каже дека ќе се пораѓа и побара да му се јавам на сопругот Душан веднаш да тргне кон Крагуевац. Ја породија во осмиот месец. Го добивме Јован, тоа име го одбра уште пред неколку месеци. Барем бебето да е добро, сега се молиме за Јован. Дома веќе го чека братчето кое има има две години“, раскажува Марија.

Ана работела како градежен инженер во Дирекцијата за планирање и градба. Била задолжена за сите поважни инфраструктурни проекти. Потекнува од угледно и образовано семејство. Нејзиниот сопруг, како и неговите родители е професор.

Според неофицијални информации, Ана не била вакцинирана.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Знам како живееја: Проговори другар на брутално убиената Лидија

Се’ уште не стивнуваат реакциите во регионот по ликвидацијата на семејството Ѓокиќ од Алексинац За 25-годишната Лидија Ѓокиќ, девојката која беше киднапирана, па брутално убиена со татка си Горан (58) и мајка ѝ Гордана (57), нејзините пријатели и познајници имаат само убави зборови. Сега се огласи нејзин близок колега од […]