fbpx

Од корона им почина цело семејство: Марија и Лазар пред нова борба!

На 22-годишната Марија и на нејзиниот шест години помлад брат Лазар преку ноќ им се промени животот. До пред еден месец биле среќни со своето семејство, а потоа короната им зеде се’.

Нивните родители, баба им и прабаба им се разболеле и починале од последици на Ковид-19. Останале без фамилија, без пари, без услови за живот и за школување.

Марија и Лазар живеат со нивниот дедо кој исто така е хоспитализиран поради вирусот.

„Дедо ми се разболе прв, па баба ми која се грижеше за него, потоа татко ми и на крај мајка ми. Единствено дедо ми се извлече. Баба ми беше болна и пред короната, но најдолго издржа без респиратор. Родителите беа примени во болница на седми октомври и мајка ми после два дена ја ставија на респиратор и почина на 16 октомври. Истиот ден беше хоспитализиран и брат ми. За среќа, една недела подоцна го пуштија дома. Татко ми почина десет дена по мајка ми. И двајцата имаа по 46 години. Мајка ми беше вакцинирана, а татко ми не. Немаа никакви дополнителни болести“, вели Марија Милошевиќ од Земун.

Нивната семејна трагедија вознемири многумина.

„Повеќе луѓе веќе ни се обратија за да ни помогнат. Нема утеха, но со брат ми се обидуваме да бидеме силни“, дополнува Марија.

Фото: ТВ Пинк Принтскрин

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Му ги скршил и рацете и нозете: Ова е очувот кој ѕверски претепа бебе

Белградското основно обвинителство му одреди триесетдневен притвор на Рашид Б. (29) поради сомнение дека на четврти ноември во домот во населбата Карабурма крвнички го претепал едногодишниот посинок С.Р. Според првичните сознанија, бебето е хоспитализирано со тешки телесни повреди, но неговата состојба е стабилна. Веќе е сослушана мајката на момчето, Сандра […]