fbpx

Исповед на жена која се омажи во богата фамилија: Оваа работа ја прели чашата

Една жена одлучи јавно да проговори за нејзиното непријатно животно искуство откако се омажила за момче од, како што таа самата нагласува, богата фамилија. Тоа наводно не било одлучивачкиот фактор и нејзиниот сопруг тоа добро го знаел.

– Го сакав и го обожував животот со него. Не живееме со неговите родители, сакавме да бидеме независни, да имаме слобода. Од почеток го планиравме заедничкиот живот, се согласивме дека сакаме да имаме своја куќа, па и двајцата почнавме да го штедиме секој денар. Со години работевме, не одевме на одмор, ниту пак си дозволувавме некоја поскапа работа или луксуз. Колку и да се трудевме, не беше доволно за учество. Поради сето ова го одложувавме и проширувањето на семејството. Сакавме да имаме барем нешто свое, пред да се реализираме и како родители, па макар тоа да биде и на кредит – ја почнува таа приказната.

Еден ден ги посетиле родителите на сопругот и тие по не знам кој пат ги прашале кога ќе добијат внук. Биле искрени, па одговориле дека тоа ќе се случи кога ќе имаат свој кров над глава.

– Рековме и дека немаме доволно средства за учество. Свекрвата само „сочувствително“ одмавна со раката. Имаа да ни дадат, но глумеа лудило. По еден месец дознав дека сум бремена. Не планиравме, но не смеев да абортирам. Предложив да одиме кај свекорот и свекрвата и директно, без заобиколување, да ги замолиме да ни позајмат пари. Јас и сопругот им ја соопштивме убавата вест и на нивната среќа ѝ немаше крај. Но, во истиот момент кога им кажавме за позајмувањето, лицата одеднаш им се променија. Свекрвата веднаш праша од каде ни е идејата дека тие имаат толку пари. Го завршивме разговорот – раскажува жената.

По еден месец свекорот пресреќен им соопштил дека конечно купиле џип, иако веќе имале добар автомобил.

– Тогаш му реков на сопругот дека неговите родители нема да го гледаат својот внук. И се согласи и не. Разумот му налагаше дека не заслужиле, но душата нешто сосема друго, да им прости. Откако се породив, ние и понатаму се надевавме дека неговите родители ќе се предомислат и дека со детето ќе отвориме ново животно поглавје во нов дом. Тоа не се случи. По шест месеци успеавме да собереме доволно за учество и зедовме куќа на кредит. Сепак, мојата желба свекорот и свекрвата да не го гледаат своето внуче секој ден е сѐ поголема. Секој ден се присетувам како џипот им беше поважен од внукот, но и од синот – искрена е таа.

Следни Објави

Умрените ги сонуваме со причина: Еве што сакаат да нѐ предупредат

Многумина кои изгубиле блиски личности велат дека токму средбата со починатите на сон им помогнала успешно да го поминат процесот на тагување и да продолжат со животот. Иако повеќе не се меѓу нас, саканите луѓе кои починале никогаш не нѐ напуштаат. Многу луѓе раскажуваат како им доаѓаат на сон кој […]