fbpx

Позајми, заштеди, купи си што ти бара душата: Големата лекција на една мудра прабаба

Во група за женски муабети, една внука одлучи да ја прераскаже животната приказна на нејзината прабаба

Мојата прабаба останала вдовица кога имала само 27 години. Сама со две ќерки, малото синче ѝ починало. Тешко се живеело, приходите биле мали. За домаќинлук морало да се внимава, да се штеди и мудро да се трошат парите. Така и живеела.

И тогаш во продавница ги здогледала омилените чевли. Луксузни, модерни, лаковани, со висока пета. И си ги купила. Ѝ легнале баш како за неа правени. Кога се вратила дома го пуштила грамафонот и почнала да танцува. Не памти кога последен пат танцувала. Веројатно две години поминале. Две години само штедела, му се тресела на секој денар, немала баш голема желба за живот. Тагувала по сопругот и синчето.

Чевлите биле доста скапи, морала сите пари да ги потроши. На почеток се прашувала како ќе преживее со децата, што ќе се случи утре? Ништо лошо не се случило!

Позајмила, полека ги враќала парите, во чинијата си ставала помалку супа, месото им го давала на ќерките. Јадела леб со чај, но тоа не ѝ паѓало тешко. Сепак, ги имала најпрекрасните чевли со потпетици.

Еден ден си ги облекла и заминала на забава со пријателите. Токму во нив запознала интересен маж, година дена подоцна му станала жена и прилично среќно живеела. Девојчињата биле облечени и сити, и двете стекнале високо образование.

Низ годините мојата прабаба се соочувала со многу непријатни моменти, преживеала дури и војна, но чевлите ѝ останале најрадосниот спомен. И на 90 години, мојата прабаба се сеќаваше на купувањето на тие прекрасни чевли и слатко се смееше прераскажувајќи ни ги деталите од тој возбудлив шопинг. Инаку ретко се смеела, животот ѝ бил суров.

И еве што не’ научи нашата прабаба:

Купи си што ти бара душата! Дури и ако имаш малку пари. Позајми малку, заштеди, одложи го купувањето на мебел.. Токму тоа купување може да ти го спаси животот и да ти ја промени судбината! Инаку без се’ се може, па дури и без чевлите со потпетици. Ама ако. Купи си ги! И нешто добро ќе се случи. И ќе посакаш да живееш. И да играш на омилената музика. И да запознаеш некој интересен човек. А потоа на правнуките на 90 години ќе им раскажуваш за виоките потпетици.. И повторно ќе се смееш!

Следни Објави

Сварете грав за 45 минути: Не ви треба експрес лонец, туку само една состојка која ја имате дома

Едно од омилените јадења на овие простори секако е гравот, без разлика дали се работи за манџа или за традиционално потпекување во рерна. Овој македонски деликатес им е особено практичен на домаќинките, бидејќи може да се руча и неколку дена, но понекогаш тие се соочуваат со проблем кога е во […]