fbpx

Син ми е мирно момче: Таткото на Матеј очајно моли за помош

Топ-тема во регионот е 27-годишниот Матеј Периш, момче од Сплит на кое му се губи секаква трага на новогодишната ноќ.

Последен пат е виден пред белградскиот ноќен клуб „Готик“. Бил облечен во фармерки, црна маица и црни патики со бел ѓон. Висок е 188 сантиметри, атлетски е граден, има руса коса и плави очи.

„Секоја информација злато вреди. Ако нешто знаете, ве молиме да не’ контактирате на телефонскиот број +38598432700 . Ви благодариме“, е пораката од неговото семејство до јавноста.

Во медиумите се огласи и неговиот татко Ненад, инаку меѓународен ватерполо судија, кој открива дека неговиот син отпатувал во Белград со пријатели кои ги познава цел живот.

„Матеј е мирно момче и спортист. Дипломиран економист. Не би заминал сам, никому да не се јави“, вели тој за Нова ТВ.

Во меѓувреме, пријателите на Матеј дадоа изјави во полицијата, а се проверуваат и сигурносните камери на ноќниот клуб каде последен пат е виден.

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

(ФОТО) Тројца другари загинаа во сообраќајка: Ваква трагедија не се памети!

Еден час по полноќ во вториот ден во новата година се случи страшна сообраќајна несреќа на хрватскиот остров Корчула која го вознемири регионот. Тројца другари на возраст од 19, 22 и 24 години се забиле во дрво, а ударот бил толку силен што автомобилот Голф 3 се преполовил. Познат е […]