fbpx

Повторно се огласи мајката на Вања

Зорица Ѓорчевска, мајката на исчезнатата 14-годишната Вања, повторно се огласи во медиумите.

Таа уште еднаш замоли доколку некој има било каква информација, веднаш да се јави во полиција.

„Бараме, полицијата е максимално вложена, но не ни знаеме каде да бараме. Телефонот на ќерка ми е исклучен од 7.34 часот утрово, како што појаснив и претходно“, вели таа за „Фокус“.

Вања исчезнала утрово на пат кон училиштето „Песталоци“ во центарот на Скопје. Мајката на девојчето денеска била известена од класниот раководител дека нејзината ќерка не дошла на час. Тврди дека ќерка ѝ утрово била добро расположена, ѝ дала пари за ужинка, по што заминала во училиште. Не се сомнева дека самоволно заминала некаде затоа што се работи за мирно и повлечено девојче во кое има целосна доверба.

Семејството се сомнева дека е киднапирана.

Девојчето е облечено во црни панталони со странични џебови, светло плав џемпер, црна кратка зимска јакна и бели најк патики со кафеава лента на ѓонот. Последниот пат е видена во Дебар Мало на пат кон Песталоци.

Доколку имате било каква информација јавете се на 075-400-816.

Следни Објави

Луѓето од овој хороскопски знак ќе бидат најсреќни во 2024 година

Животна пресвртница ѕвездите предвидуваат за еден хороскопски знак во 2024 година. Запознавање на вистинската љубов за слободните припадници, а за оние што се во среќен брак, конечно проширување на семејството. Најголемата среќа ќе ја почувствуваат кон средината на март кога работите ќе почнат да се менуваат на подобро. Луѓето кои […]