fbpx

Најново соопштение од МВР за исчезнатата Вања

Нема ниту трага, ниту глас од 14-годишната Вања Ѓорчевска која исчезнала утрово на пат кон училиштето „Песталоци“ во центарот на Скопје.

За случајот информираше мајката на девојчето, Зорица Ѓорчевска, која побара помош преку социјалните мрежи.

Проверки врши и полицијата, испитани се и повеќе лица кои имале контакт со тинејџерката.

Вечерва со соопштение се огласи и МВР.

„Министерството за внатешни работи ја известува јавноста дека се преземаат интензивни мерки и активности за пронаоѓање на В.Ѓ. (14) откако денеска (27.11.2023) во 08.35 часот З.Ѓ. од Скопје пријави дека се сомнева дека нејзината ќерка В.Ѓ. (14) е исчезната. За решавање на случајот и пронаоѓање на лицето веднаш по добиената пријава вклучени се целосните капацитети на СВР Скопје на највисоко ниво, извршени се низа разговори со лица блиски на малолетничката, прегледани камери итн. Истрагата продолжува интензивно и во текот на ноќта. Апелираме да не се шират дезинформации, а МВР постојано ќе ја информира јавноста се до пронаоѓање на малолетничката“, е наведено во соопштението.

Мајката на девојчето денеска била известена од класниот раководител дека нејзината ќерка не дошла на час. Тврди дека ќерка ѝ утрово била добро расположена, ѝ дала пари за ужинка, по што заминала во училиште. Не се сомнева дека самоволно заминала некаде затоа што се работи за мирно и повлечено девојче во кое има целосна доверба.

Семејството се сомнева дека е киднапирана.

Девојчето е облечено во црни панталони со странични џебови, светло плав џемпер, црна кратка зимска јакна и бели најк патики со кафеава лента на ѓонот. Последниот пат е видена во Дебар Мало на пат кон Песталоци.

Доколку имате било каква информација јавете се на 075-400-816.

Следни Објави

Повторно се огласи мајката на Вања

Зорица Ѓорчевска, мајката на исчезнатата 14-годишната Вања, повторно се огласи во медиумите. Таа уште еднаш замоли доколку некој има било каква информација, веднаш да се јави во полиција. „Бараме, полицијата е максимално вложена, но не ни знаеме каде да бараме. Телефонот на ќерка ми е исклучен од 7.34 часот утрово, како […]