Ненад Периш е голем верник
Повеќе од еден месец трае потрагата по 27-годишниот Матеј Периш, момчето од Сплит на кое му се губи секаква трага ноќта помеѓу 30 и 31 декември.
И покрај се’, неговиот татко не губи надеж и како и за секој родител, така и за него, нема ништо поважно од тоа да ја дознае вистината.
„Се надевам дека ќе го пронајдеме Матеј. Го молам Бог да биде жив. Подготвен сум на секаква вистина. И тоа е така. Јас сум голем верник и нека биде тоа што Бог одлучил. Тешко ќе можам да прифатам лош крај, но во оваа смисла сум подготвен на се’. Го молам Бог и се надевам дека Матеј ќе седне покрај мене во автомобилот за да го однесам дома“, вели Ненад во разговор за Прва српска телевизија.
Тој нагласува дека не му е важно што пишуваат медиумите и дека верува во своето дете. Никому не му замерува за ништо и единствено е фокусиран на фактите кои можат да го донесат до конечниот одговор.
Ненад вели дека кога сега би го видел синот, ништо не би му кажал.
„Само ќе го прегрнам и тоа би било се’. Ништо не треба да ми каже, само нека ми се врати“, низ солзи порачува тој.
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО