fbpx

Даниела и Бојан починаа, оставија три деца: Силна љубов за која плачат сите

Семејна трагедија која го расплака регионот

Душите не умираат! Со овие зборови на јавноста ѝ се обрати пријатлел на прерано починатите Даниела и Бојан Ѓолиќ, сопружници од Бар кои го напуштија овој свет за неполна година. Позади себе оставија три малолетни деца за кои сега се грижат нивните баба и дедо.

Веста за тажната судбина на ова семејство на социјалните мрежи ја споделија од невладината организација „Жените на Бар“.

„Не постојат зборови со кои може да се опише оваа семејна трагедија. За децата се грижат бабата и дедото, финансиски се пред колапс, покрај маката останаа и без лекарства. Нивниот кошмар нема да помине, тие нема да живеат вечно, а децата мора да растат и да се образуваат“, велат од организацијата и апелираат масовно да се донира.

Според зборовите на пријатели, Даниела починала од рак во март минатата година, а Боја починал неодамна од корона. Тие што ги познавале имаат само пофални зборови за нив.

„Секогаш беа заедно, постојано насмеани. Животот не ги мазеше, но никогаш не ги напушти оптимизмот и желбата за живот. Нека им е лесна црната земја“, коментираат тие.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Знак од Бога? Поради страшен детаљ на оваа слика го советуваат да ја откаже свадбата (ФОТО)

Урнебесна фотографија кружи по социјалните мрежи Секој што бил во врска во даден момент се има запрашано дали личноста покрај себе е онаа вистинската. Некои едноствано ги игнорираат сомнежите, некои молат за совет од пријателите, а некои бараат знаци кои ќе им ја разрешат дилемата. Ако мажот од оваа неверојатно […]