fbpx

На роденденот ја погреба мајка си, по неколку дена и татка си: Со потресна објава Ќетковиќ ги расплака сите

Црногорскиот пејач Сергеј Ќетковиќ денеска полни 48 години. Но, од пред три години овој ден му се претвори во пекол кога остана без мајка си Драгица која ја погреба токму на неговиот роденден.

По само неколку дена засекогаш се прости и од татко му Слободан кој исто така почина од последици на Ковид-19.

Омилениот интерпретатор на овие простори тогаш се огласи на социјалните мрежи со потресна објава која ги расплака фановите и пријателите.

„Колку човек и да се обидува да се подготви, колку и да е силен, за некои работи не можете да се подготвите. Си мислиш, доволно ќе биде да земеш воздух и да го задржиш што подолго за да ја избегнеш болката, но не. Не поминува! Боли и боли и боли.. Ми велат дека се’ ќе биде добро, дека е тоа процес, како и самиот живот..

Оние моменти кога ќе се разделиш со своите родители, ја разбираш таа болна, ладна вистина. Дека повеќе не си дете. Ги нема веќе оние родителски грижи, стравови, радувања, несебична љубов..

Ги нема повеќе оние кои ме донесоа на овој свет и оние кои ме сакаа, бранеа и учеа во животот.

Драга мајко,

Иако прва не’ напушти, ненадејно и без најава, знаев дека нема да те пушти да заминеш сама. Сепак, предолго ви беа душите поврзани на овој свет за да дозволи на таа последна прошетка да заминеш сама.

Како што и пред 50 години се заколнавте на љубов и дека ќе бидете заедно додека смртта не ве раздели, вие овојпат ја победивте и самата смрт. Одлучивте и во вечноста да останете прегрнати.

Ви благодарам што денеска плачеме за вашата добрина, несебична љубов, тажни што повеќе ве нема, но среќни што имавме такви родители и што ни оставивте толку убави спомени.

Сега вози, мил татко. Вози го последното рели, сруши го својот последен рекорд знаејќи дека таа те чека на последниот свиок, заедно и насмеани да влезете во рајската порта.

Нека ве чуваат Ангелите под нивните крилја и Бог да ве прими во неговото Царство небеско.

Нека ви е вечна слава и ви благодариме.

Вашите синови Игор, Сергеј и Срѓан“

Следни Објави

Почина Марко Тодоров: Збогум, борецу

Тажна вест Почина младиот кикбоксер Марко Тодоров. Веста за неговата смрт ја сподели и етаблираната модна креаторка Ивана Кнез. Почитувани пријатели, последната борба ја изгубивме. Утре, 10.03.2024 во 13.30 часот во капела 1 Бутел е последен поздрав со нашиот борец Марко. Нека почива во мир!