fbpx

Откриена долго чувана тајна: Шокантни сознанија за Веља Невоља

Во голема полициска акција во Србија уапсен е М.В. за кој се верува дека е припадник на организираната криминална група на Вељко Беливук.

При претрес во неговиот стан пронајдени се околу 5,5 килограми кокаин, околу 4,5 литри амфетамин, една рачна мешалка, кујнска вага и машина за вакумирање.

Познатиот Веља Невоља и неговата криминална банда се обвинети за серија монструозни дела, а српските медиуми дознаваат дека тој влече трауми уште од најрана возраст.

Кога имал само девет години, неговиот татко Небојша извршил масакр во семејниот стан кога активирал рачна бомба. Немилиот настан во кој настрадале тој, неговата сопруга Бранка и нејзината мајка Мирјана се случил на 13 февруари 1995 година.

Во станот бил и Беливук со уште едно дете, но тие преживеале. Како што пишувале тогаш медиумите, страшната експлозија одекнала точно во 19 часот.

Невоља и самиот зборуваше дека е израснат без родители. Негови блиски соработници во една прилика раскажале дека тој бил немилосрден кон еден телохранител кога истиот со погрдни зборови ја прозивал неговата мртва мајка.

Солзи по младиот Иван: Ова е убиениот полицаец во Заечар, еве што се случило!

Вељко Беливук и неговите соработници се во притвор осомничени за атентатот на Милан Љепоја, припадник на криминалната банда Пинк Пантер, но и за ликвидациите на навивачите Горан Величковиќ и Здравко Радојевиќ и за уште неколку се’ уште нерасчистени убиства.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Шок по смртта на Бојан: Твоето огромно срце нема никогаш да престане да чука

Бојан. Единствена и неизмерна љубов, ученик, човек кој со своето постоење остави неизбришива трага кај сите нас. Ти благодариме за се’, за позитивната енергија, но пред се’ твоето огромно срце, кое никогаш нема да престане да чука во нашите сеќавања за тебе. Почивај во мир, ангелу: Македонија тагува по Бојан […]