fbpx

Најпознатата прилепчанка запросена среде Дубаи (ФОТО)

Македонската модна блогерка Валерија Преспаноска го покажа вереничкиот прстен. Нејзиниот иден сопруг Јане Ристески ѝ подготви романтично запросување среде Дубаи каде што двојката моментално престојува.

Валерија е прилепчанка која ужива огромна популарност на „Инстаграм“ каде што ја следат речиси 30.000 луѓе.

„Jас отсекогаш сакав да се фотографирам и да ја преточам мојата креативност преку фотографиите. Луѓето кои ме познаваат одамна, многу добро ја знаат мојата пасија кон фотографијата и веројатно токму тоа ја привлекло мојата публика на која што и сум преблагодарна за секојдневната поддршка“, изјави таа во едно интервју.

Валерија своето образование го стекна на Филолошкиот факулет “Блаже Конески”, отсек преведување на германски и англиски јазик. Во слободно време обожува да црта. Во една прилика на шега искоментира дека за десет години се гледа како среќно омажена жена со три деца.

Фото: Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Нè напушти ненадејно: Неверување по смртта на Богдан Таневски

Почина Богдан Таневски, директорот на кумановскиот музеј. Тажната вест ја потврдија и неговите колеги на официјалната фејсбук-страна на оваа културна институција. „ИН МЕМОРИАМ БОГДАН ТАНЕВСКИ (23.5.1958 – 3.4.2022), директор на НУ Музеј – Куманово. Погребот ќе се изврши утре, 4.4.2022 (понеделник) во 13 часот, на Градските гробишта во Куманово. Почивај […]