fbpx

Естрадата тагува: Колегите се простуваат од Игор

Пoчина Игор Вилхајм. Познатиот хрватски вокалист, музичар, автор и продуцент ја загуби битката со тешката болест. Имаше 57 години, пишува „Нови лист“.

Беше еден од основачите на поп-рок групата „Идејни Немири“, чија музика го одбележа ријечкиот нов бран. Составот е најпознат по хитот „Бомбе и бонбони“.

Составот е основан 1982 година, а покрај Вилхајм во истиот партиципираа и Давор Ореб (вокал, бас) и Саша Тумара (тапани). Една година подоцна им се придружи клавијатуристот Горан Троха.

Последната деценија Игор беше дел од кантри блуграс-бендот Sarah & The Romans кои се простија од него преку објава на „Фејсбук“.

Следни Објави

Македонија тагува, нека ѝ е светол патот: Беше најшармантна и најдобра

Жална вест сподели Драги Змијанац, основач на Првата детска амбасада „Меѓаши“. Почина д-р Мариа Доневска, доктор по хуманистичките науки на Универзитет во Лоѓ, Полска, 1977 година и доктор по социјалната политика на УКИМ, Скопје, 1994 година. „Почина драгата Мариа Доневска. За мене таа беше најшармантната и најдобра професорка во светот. […]