fbpx

Ја погреба сопругата, па сподели потресна објава: Александар со скршено срце

Познатиот српски водител Александар Саша Филиповиќ кој остана без сопругата Даца Бребановиќ, по погребот конечно се огласи на социјалните мрежи.

Тој на „Фејсбук“ им се заблагодари на сите кои му изразиле сочуство и кои биле со него во овие исклучително тешки моменти.

„Ја испративме мојата љубов достоинствено на нејзиното вечно почивалиште, со небески кочии. И Владимир и јас сме храбри благодарение на илјданиците пораки со поддршка кои ги добивме од Вас. Оваа фотографија ни е најмила од заедничкиот албум. Тешко е да се биде сам, но добивам сила кога сфаќам колку многу луѓе се со мене и со мојот син“, напиша тој.

Сопругата на Александар водеше повлечен живот и одбиваше да биде дел од јавниот свет. Таа во еден момент работеше како технички секретар во една специјална гинеколошка болница, а во тоа време зборуваше колку всушност е важно да бидеме во чекор со технологијата.

„Без мобилен не би можела да ги завршам работните обрски. Некои сакаат јога, а мене по стресниот ден ме расположува музиката од плеерот на мојот телефон. Често ја користам и камерата, бидејќи на тој начин ги документирам сите фази од растењето на мојот син Владимир“, изјави таа.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Работи кои мора да ги исфрлите од домот: Се верува дека носат несреќа и болести

Фенг шуи експертите имаат многу совети кои животот можат да ви го направат посреќен и поубав. Сѐ што треба да направите е грижливо да ги одберете работите кои ќе ги внесете во вашиот дом. Од изборот на мебел и на бои, па се’ до уредувањето на дневната и на спалната, […]