fbpx

Важно! Ако скенирате сметки, ова ќе ве израдува

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, се пофали дека мерката за поврат на ДДВ дава одлични резултати.

Таа нагласи и дека следува зголемување на лимитот според најавеното и ветеното пред граѓаните.

„Оваа мерка ги дава очекуваните резултати. Имаме зголемен број корисници, средствата кај граѓаните редовно се исплаќаат, што придонесува за подобрување на стандардот на граѓаните, затоа што дел од парите дадени за ДДВ им се враќаат назад во домашниот буџет. Новината која од 01.01.2023 година треба да започне е зголемување на лимитот за поврат на средствата, како што ветивме пред граѓаните и како што стои во владината програма“, вели Лукаревска.

Минатиот месец УЈП извести дека прилагодената верзија на Мој ДДВ е достапна на Apple appstore, додека Android верзијата е достапна на Huawei app Gallery.

Следни Објави

Македонија тагува! Загинаа две млади момчиња: Ова се деталите за трагедијата

Осумнаесетгодишниот Матео, син единец во семејството Глигорови, и една година помладиот Симон Стаменков пред една недела загинаа во страшна сообраќајка во Италија. Порталот „ММС.мк“ сега пренесува детали за трагедијата во која страдаа тие, инаку и двајцата по потекло од Виничко. Несреќата се случила кога нивното фиат пунто директно се судрило […]