fbpx

Знам дека се насмевнува од рајот: Естрадата во шок, почина познатата пејачка која живееше за фановите

Нова тажна вест денеска го потресе светскиот шоубизнис

На 63-годишна возраст почина славната американска пејачка и актерка Ајрин Кара, која се прослави со насловните теми од легендарните филмски остварувања Flashdance и Fame.

Трагедијата ја потврди и нејзината портпаролка Џудит Мус. Таа откри дека починала во семејниот дом во Флорида, но причината за смртта не ја соопшти.

„Ова е апсолутно најлошиот дел од работата за еден публицист. Не ми се верува дека ова морав да го напишам, а камоли да го објавам. Ве молиме споделете ги вашите спомени и сеќавања за Ајрин. Ќе ги прочитам сите и ќе знам дека таа се насмевнува од рајот. Едноставно ги обожаваше своите фанови“, напиша Џудит на „Твитер“.

Ајрин Кара почна да снима музика уште како дете и беше ѕвезда во бројни мјузикли на Бродвеј. Големиот пробив го направи во 1980 година кога ја доби една од главните улоги во филмскиот мјузикл Fame во кој ја отпеа и насловната песна. За овој ангажман доби номинација за „Златен глобус“ за најдобра актерка, а освои Греми. Три години подоцна го сними безвременскиот хит Flashdance: What a Feeling! и ги освои речиси сите можни признанија, вклучувајќи ги и најпрестижните три-„Оскар“, „Златен глобус“ и „Греми“.

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Омилената латино „злобница“ живееше како и во серијата: Мажот ѝ го зеде сестра ѝ, мајка си и братот ги исфрли на улица

Во декември ќе наполни 49 години, но мора да признаеме дека сѐ уште изгледа фантастично Пред инвазијата од турските серии, кај нас вистински бум направија шпанските теленовели. Оние кои редовно ги гледаа, секако дека се сеќаваат на венецуелската актерка со хрватски корени, Габриела Спаниќ. Македонската публика најмногу ја памети по […]