fbpx

Омилената латино „злобница“ живееше како и во серијата: Мажот ѝ го зеде сестра ѝ, мајка си и братот ги исфрли на улица

Во декември ќе наполни 49 години, но мора да признаеме дека сѐ уште изгледа фантастично

Пред инвазијата од турските серии, кај нас вистински бум направија шпанските теленовели. Оние кои редовно ги гледаа, секако дека се сеќаваат на венецуелската актерка со хрватски корени, Габриела Спаниќ.

Македонската публика најмногу ја памети по двојната улога на Паулина и Паола во хит-серијата „Злобница“. Сепак, малкумина знаат дека освен што сапуниците ѝ беа заштитен знак, на Габриела таков ѝ стана и животот позади камерите.

Баш како и ликот кој го толкуваше во „Злобница“, и таа има сестра близначка, убавата Данијела. Со години не беа во добри односи, наводно поради љубовниот триаголник со поранешниот сопруг на Габриела, Мигел, со кого се раздели во 1999 година.

Сестрите претходно доживеале и голема семејна драма кога Данијела во петтиот месец од бременоста доживеала мозочен удар и завршила во кома.

Се шушкаше дека во тој период сопругот на Данијела, Адемар Нахум, од Габриела позајмувал поголеми суми, а парите ги трошел на жени и алкохол. Подоцна успеал саканата да ја увери дека нејзината славна сестра ѝ работела зад грб, па тие две престанале да комуницираат. Актерката во тие моменти наводно се одлучила на уште еден голем чекор кога ги исфрлила мајка си и братот на улица кога дознала дека тие тајно продолжиле да се гледаат со Данијела.

Од друга страна, пак, Габриела, нејзиниот син кој во тоа време имал две години, бремената сестра и уште неколку членови на семејството биле жртви на куќната помошничка која во континуитет им ставала недозволени супстанци во храната.

*Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Македонија во шок по однесувањето на ова девојче: Се снимала за „Тик Ток“, со тешки повреди заврши в болница

Инцидент во Маџари, 17-годишна девојка итно донесена во ургентниот центар Македонските медиуми информираат за несреќен случај на железничката станица. Тинејџерка со изгореници по грбот и по нозете била итно префрлена во ургентниот центар, откако добила струен удар од жиците поставени над вагон од воз. Според последните информации, таа е во […]