fbpx

Почина познатиот актер под мистериозни услови

Неговата последна објава на социјалните мрежи беше пред четири дена, што внесува дополнителна мистерија во оваа тажна приказна

Фитнес-моделот и актер Алек Масер почина во петокот вечерта во својот дом во Калифорнија. Неговата свршеница Пејџ Прес ја потврди тажната вест за TMZ, но причината за смртта се’ уште не е откриена.

Масер (50) беше најпознат по улогата на Дел Хенри во ТВ-сапуницата „Сите мои деца“, каде што глумеше во вкупно 43 епизоди во периодот од 2005 до 2007 година. Покрај тоа, тој се појави и во други популарни остварувања како „Возрасни“, „Рита Рокс“, „Очајни домаќинки“ и „Пат до олтарот“, оставајќи свој белег во светот на забавната индустрија.

Покрај актерството, Масер се појави и на насловните страници на неколку списанија, како „Men’s Health“, „Men’s Workout“ и „Exercise Health“, што дополнително придонесе за неговата популарност и препознатливост.

Неговиот колега, холивудскиот актер Адам Сендлер, со кој глумеше во филмот „Возрасни“, напиша емотивна посвета на „Инстаграм“ истакнувајќи ја неговата прекрасна личност и испраќајќи љубов кон неговото ожалостено семејство.

„Го сакав овој човек. Не ми се верува дека го нема. Толку прекрасен, смешен и добар човек. Моите мисли се со Алек Мусер и неговото семејство и им ја испраќам сета моја љубов. Беше вистинска, голема душа“, напиша Сендлер.

Следни Објави

Итно фрлете ги! Еве зошто не треба да ги чувате кутиите и влошките од јајца

Повторната употреба на амбалажа во поголемиот број случаи е идеална идеја, како за зачувување на животната средина, така и за вашиот паричник. Сепак, кога се во прашање влошките и кутиите за јајца, приказната е поинаква и по нивната употреба треба да се ослободите од нив во истиот миг. Експертите велат […]