fbpx

Александар си ја убил сопругата, пола година лажел дека е жива: Го издале ситни детали

Александар Попов, заменик шеф на одделението во московското метро, на 30 јануари признал дека си ја убил жената.

Иако ѝ пресудил уште пред шест месеци, дури дваесетина дена пред да го признае злосторството пријавил дека неговата сопруга е исчезната.

Тој на 10 јануари годинава испратил соопштение до Министерството за надворешни работи во кое напишал дека неговата сопруга Ксенија и мајка на неговата ќерка исчезнала. Рекол дека ја нема видено од 31 август кога наводно ги спакувала нејзините работи и му рекла дека ќе лета за Дубаи.

„По заминувањето, на „Инстаграм“ напиша дека слетала. Ми рече дека ќе контактираме само преку оваа социјална мрежа“, напишал Попов во соопштението.

Истакнал дека Ксенија наводно повторно му пишала во октомври и дека со нејзините пријатели била поканета на крстарење во Африка. Дополнил дека на 14 декември го известила дека е во ковид-центарот во предградието Кимберли.

Попов тогаш, според соопштението кое го пратил во министерството, го контактирал конзулатот во Јужна Африка и замолил да му дадат официјални информации за точната локација на неговата сопруга и дека го советувале да напише соопштение до полицијата.

Министерството за надворешни работи веднаш открило дека Ксенија Попова не ја преминала руската граница од август, а дека мобилниот ѝ бил покрај нејзиниот сопруг на денот на исчезнувањето.

„Откриено е дека телефонот цело време бил кај него. Тој на 31 август нивната ќерка ја однел кај маж кој таа не го познавала, ја оставил таму два дена, а тој се вратил дома за да се ослободи од телото во станот. Соседите ова го потврдиле-го виделе со големи пластични кеси. По неколку месеци се предал“, раскажува Руслан Сапожков, братот на Ксенија.

Полицијата не успеала да направи претрес во семејниот автомобил, ниту во домот. До јануари, Попов ги продал.

Пријателите на Ксенија велат дека пред шест месеци нејзиниот стил на „Инстаграм“ значајно се променил.

„Почна да објавува помалку постови и приказни, воопшто не се вклучуваше во живо. А, потоа дознавме дека наеднаш заминала за Дубаи, без ќерка си. Тоа беше чудно, но не на таков начин да помислиме на убиство, особено не дека Александар ја ликвидирал. Изгледаа како идеална двојка, често ѝ подаруваше цвеќе“, раскажуваат тие.

Првите конкретни сомнежи се појавиле кога на 3 септември ѝ честитале роденден и тоа јубилеен 30-ти. Биле збунети кога и по месец и половина, пораката се’ уште не била прочитана. Велат, едноставно Ксенија не била таква личност.

„Почнав да се распрашувам. Некои ми кажаа дека одговрала на пораки, но кратко и многу поретко од вообичаеното. Тогаш се смирив“, открива нејзина пријателка.

Попов на 30 јануари напиша признание дека ја убил сопругата за време на расправија, дека двапати ја удрил во главата. Рекол дека бил љубоморен. На полицијата ѝ признал дека телото го ставил во кеси кои ги фрлил во реката Десна, во близина на Нова Москва. Покажал каде точно се ослободил од телото, но се’ уште не е пронајдено.

Тогаш се случил пресврт. Попов го повлекол соопштението и почнал да негира дека е виновен. Тој одбил да сведочи.

Фото: Меил.РУ

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Естрадата во солзи, пронајден мртов познатиот пејач: Една работа ги вознемири сите!

Беше голема музичка ѕвезда во деведесеттите години на минатиот век Познатиот пејач имаше само 45 години кога почина во својот стан, а неговата смрт и по две децении се’ уште е мистерија. Се зборуваше дека Роѓа Раичевиќ починал од предозирање со метамфетамин и хероин, но тоа никогаш официјално не беше […]