fbpx

ТРАГЕДИЈА! Почина ќерката на познатиот актер, пред само три месеци стана мајка

Почина ќерката на Џон Вентимиља, познатиот актер кој се прослави во култната ТВ-серија „Сопранови“.

Одел имаше само 26 години, а трагедијата се случила на 12 јануари, потврди семејството.

„Срцето ни е скршено што мораме да ја објавиме оваа тажна вест. Нејзината сестра и јас сме трогнати од пораките со поддршка и љубов кои ни ги пративте, не бевме свесни дека Одел била мила на многумина. Остави голема дупка во нашите животи“, напиша нејзината мајка Белинда Кејп.

За приватниот живот на Одел малку се знае, нејзините профили на социјалните мрежи не биле отворени за јавноста. Пред смртта работела како келнерка во Бруклин, откриваат нејзини пријатели.

Одел пред само три месеци стана мајка, откако ја роди ќерќичката Шајло.

Нејзиниот славен татко се’ уште се нема огласено во медиумите.

Следни Објави

Пејачката ги исмеја водителките на Канал 5: Кралици на непосредноста! (ФОТО)

Најголемиот музички настан во регионот, Music Awards Ceremony (MAC), во организација на „Скај мјузик“ се одржа вчера и завчера во Белградска арена. Ексклузивните права за пренесување на настанот кај нас ги имаше Канал 5, а коментаторската позиција им беше доверена на заштитните лица на оваа телевизија, Јелена Спенџарска и Вера Мештеровиќ. […]