fbpx

Трагедија! Почина 13-годишно момче, кога ќе ја слушнете причината ќе ви се заледи крвта

Жозе Чавез Ноласко, ученик во средното училиште „Честерфилд“ во САД, бил итно пренесен во болница откако почнал да се гуши од ќофте за време на школскиот ручек.

Иако на 13-годишното момче му била укажана прва помош, тој за жал не преживеал.

„Бев на работа кога добив повик од училиштето и ми рекоа дека мојот син е итно хоспитализиран“, изјавила за „NBC12“ очајната мајка на момчето, Карина Ноласко, која заедно со нејзиниот сопруг Ли веднаш пристигнала во болницата.

Првично им било кажано дека Жозе останал 20 минути без кислород во мозокот откако се задушил од ќофтињата, но дополнителните тестови покажале дека тоа траело многу подолго.

Жозе, за жал, починал три дена по инцидентот.

Иако родителите на починатиот тинејџер не обвинуваат никого, тие бараат одговори од училиштето бидејќи им е нејасно како нивниот син починал три дена подоцна.

„Сакаме да ја избегнеме опасноста ваква трагедија да се случи и во други училишта, за ниеден родител да не мора да помине низ она низ што ние поминуваме“, заклучува мајката на момчето скршена од болка.

Следни Објави

Не била љубов на прв поглед: Спенџарска проговори за Гркот, за ОВА досега молчеше

Водителката конечно одговори на најочекуваното прашање Јелена Спенџарска, заштитното лице на „Канал 5“, конечно отворено проговори за љубовната врска со Лукас, Гркот поради кој, како што најави, во март ќе се пресели во Солун. Популарната водителка и инфлуенсерка открива дека нејзиното момче го запознала кога најмалку очекувала. Вели дека тоа […]