fbpx

Не била љубов на прв поглед: Спенџарска проговори за Гркот, за ОВА досега молчеше

Водителката конечно одговори на најочекуваното прашање

Јелена Спенџарска, заштитното лице на „Канал 5“, конечно отворено проговори за љубовната врска со Лукас, Гркот поради кој, како што најави, во март ќе се пресели во Солун.

Популарната водителка и инфлуенсерка открива дека нејзиното момче го запознала кога најмалку очекувала. Вели дека тоа не било љубов на прв поглед.

„Лежев на плажа во Грција, бев сама, го гледав зајдисонцето и точно како вчера да беше, се сеќавам дека си мислев колку сум горда на себе што се учам да уживам во вакви секојдневни нешта и колку сум среќна токму сега во овој момент.. Два часа подоцна запознав човек за кој, во тој момент, не бев ни свесна дека ќе го промени целиот тек на мојот живот. Нашата прва средба не беше ништо во споредба со втората, која беше пресудна за мене. Јас често му велам-тоа беше љубов на втор поглед (се смее). Првиот разговор од неколку часови, мислам дека ги постави темелите за втора средба, се случи во еден ресторан, тој веќе ме чекаше таму, јас дојдов после него и моментот кога го видов уште од самиот влез, како нешто да ми рече ОВА Е ЧОВЕКОТ. Со секој чекор како што се приближував до масата, гласот стануваше сѐ посилен. Јас никогаш не сум била толку збунета и возбудена во исто време. Уште истиот ден и двајцата знаевме дека тоа е тоа. Сѐ друго е историја“, раскажува Јелена за „Слободен печат“.

Спенџарска вели дека заедничка била одлуката таа да се пресели во неговата родна земја.

„Сепак Солун е поголем град, повеќе можности, повисоки температури и јас сум спремна за нови предизвици, така што ете, нешто што првпат го објавувам јавно, во март се селам во Солун“, открива водителката.

Спенџарска одговори и на најочекуваното прашање-дали конечно ќе застане пред олтар.

Засега, таа и Лукас немаат планови за брак. Како што вели, повеќе се фокусирани на заедничкиот живот, затоа што за нив тоа е многу важна подлога за сето она што ќе следува понатаму.

Следни Објави

Ѝ погледнале на смртта в очи: Јулија сведочи за хоророт во авионот (ВИДЕО)

Една патничка почнала да пишува проштално писмо Патници во авион на руска авиокомпанија доживеале вистински хорор откако им откажале маските за кислород на висина од 11.000 метри. Авионот е во сопственост на Rossiya Airlines, а како причина за дефектот се наведуваат силните турбуленции. Хаосот настанал по наглото понирање кое предизвикало […]