fbpx

Проговори таткото на Аниса: Потресни зборови за пронајдената ќерка

Во јавноста конечно се огласи Енгин Ајро, таткото на 12-годишната Аниса која исчезна во четвртокот, а по три дена беше пронајдена на Бит Пазар.

Се надева дека сега, кога сите се заедно, траумата ќе остане зад нив и дека мирно ќе го продолжат животот.

Овој татко на три деца вели дека секогаш живееле во слога, добро ги воспитувале децата и, како родители, секогаш сакале нивните деца да учат, да го изберат вистинскиот пат.

„Не сум од оние родители кои ги караат своите деца, се обидувам на мирен начин, со дела и со зборови да им покажам како треба. Сега, откако Аниса е дома, со убаво се трудиме да укажеме на грешката, не прашувам многу, сакаме да помине шокот кој го доживеавме. Ниту еден родител не би сакал да го помине ова кое нам ни се случи, затоа не треба да има место за предрасуди, за негативни коментари. Сите го посакуваме најдоброто за нашите деца, но не знаеме што може да ни донесе животот“, раскажува Енгин за „Фокус“.

Неговата ќерка беше исчезната заедно со 15-годишната М.К.. За среќа, и двете девојчиња беа пронајдени заедно и сега се со своите семејства.

Следни Објави

Ми го роди Никола и почина: Драган се прости од сопругата, остана сам со седум деца

Невработен сум, но ќе се борам за децата додека можам, порачува тој Драган Штиковац од Будимлиќ Јапри, Босна и Херцеговина, неодамна се најде во тешка животна ситуација кога неговата сопруга почина при породување. Трагедијата што го снајде со себе донесе уште предизвици-Драган сега е самохран невработен татко на седум деца. […]