fbpx

Ми го роди Никола и почина: Драган се прости од сопругата, остана сам со седум деца

Невработен сум, но ќе се борам за децата додека можам, порачува тој

Драган Штиковац од Будимлиќ Јапри, Босна и Херцеговина, неодамна се најде во тешка животна ситуација кога неговата сопруга почина при породување. Трагедијата што го снајде со себе донесе уште предизвици-Драган сега е самохран невработен татко на седум деца.

Раскажува дека на 27 март годинава во ист ден ја добил, но и ја изгубил најсаканата личност. Неговата сопруга го родила синот Никола, но за жал починала кратко по породувањето. Сега се е во негови раце, а најголемиот предизвик во моментов е како и на кој начин да го прехрани целото семејство.

„Се породи дома, наеднаш се почувствува неарно. Веднаш побаравме брза помош, но не можеше ништо да се направи, почина по пат кон болницата“, раскажува Драган кој е невработен.

Признава дека е во долгови, има неотплатени кредити, а и сметките за струја не му се подмирени. Најголема поддршка за децата има од неговата мајка Љубица која се труди колку што може повеќе да му помогне.

„Ќе се борам до крај. Најпотребно е храна и облека за децата“, вели мајката за јутјуб-каналот „Козарски вјесник“.

Од општинската администрација во Остра Лука велат дека се запознаени со случајот со семејството Штиковац и дека досега им помагале. Тие наведуваат дека за сместување им била дадена зградата на поранешното училиште, кое е реновирано.

„Сè уште официјално не ни се обратил со барање, но наша волја е да ги платиме трошоците за погребната опрема и колку можеме ќе помогнеме“, изјави Марица Мајкиќ, вработена во Општинската управа на Оштра Лука.

Следни Објави

Таткото на Мелиса проговори за ќерката: Една работа ги вознемири сите

На социјалните мрежи се огласи Фатих Куртиши, таткото на Мелиса која исчезна во четвртокот, а која по три дена беше пронајдена на Бит Пазар. Тој им се заблагодари на сите добри луѓе кои од срце помогнале во пронаоѓањето на неговото чедо, а откри и во каква состојба е сега откако […]