fbpx

Мирот ми е важен! Соња Тарчуловска си ја отвори душата (ФОТО)

По подолго време, на социјалните мрежи се огласи Соња Тарчуловска.

Познатата македонска фолк-пејачка со емотивна објава ги разнежни нејзините следбеници, а во коментарите доби срце и од нашата поп-ѕвезда Елена Ристеска.

„Стигнав до возраст кога не ми е грижа дали ме сакаат, мразат, озборуваат или фалат. Само не ми е гајле кој што кажува. Мирот ми е важен! Здравјето ми е важно! Секој топол збор од оние ретки луѓе што можам да ги наречам пријатели ми е важен. Да! Тоа се тие години!“, напиша Тарчуловска на „Инстаграм“.

Соња е сопруга на македонскиот браниел и поранешен инспектор Јохан Тарчуловски со кого има три деца. Нивното прво чедо, ќерката Мелани, одлучи да тргне по нејзините стапки.

По неколкуте фестивалски учества и освоени признанија на меѓународни манифестации, Мелани неодамна се натпреваруваше и во едно од најгледаните шоуа за музички таленти, српското „Ѕвездите на Гранд“.

Следни Објави

Игор со потресно обраќање: Очајно моли за помош

На социјаните мрежи повторно се огласи Игор Пехчевски, еден од најтешко болните пациенти од цистична фиброза. Тој се’ уште не го добил лекот од кој му зависи животот.  Откри дека денеска лекот „трикафта“ го поделиле уште на четири пациенти, но дека тој не е ниту во оваа група. „Повторно сум […]