Соња Тарчуловска сподели интересна семејна фотографија на социјалните мрежи.
Познатата македонска фолк-пејачка со емотивна објава ги разнежни нејзините следбеници.
„Не мора светот да се врти само околу жената. Убавата жена ужива во животот токму онаков каков што е, без да се споредува со другите и да се обидува да ги надмине. Ние трите се потпираме на тебе, ти си нашиот патоказ“, напиша таа под фотографијата на „Инстаграм“.
Соња е сопруга на македонскиот браниел и поранешен инспектор Јохан Тарчуловски со кого освен две ќерки има и син.
Нивното прво чедо, ќерката Мелани, одлучи да тргне по нејзините стапки.
По неколкуте фестивалски учества и освоени признанија на меѓународни манифестации, Мелани се натпреваруваше и во едно од најгледаните шоуа за музички таленти, српското „Ѕвездите на Гранд“.