fbpx

Игор со потресно обраќање: Очајно моли за помош

На социјаните мрежи повторно се огласи Игор Пехчевски, еден од најтешко болните пациенти од цистична фиброза. Тој се’ уште не го добил лекот од кој му зависи животот. 

Откри дека денеска лекот „трикафта“ го поделиле уште на четири пациенти, но дека тој не е ниту во оваа група.

„Повторно сум хоспитилизиран, но сега на Детската клиника во Скопје, со влошена здраствена состојба. Треба да чекам да влезам во Терминалната фаза за да го добијам лекот кога нема веќе ни да ми делува. Постапете веднаш и сега, за да не ни се случат и други немилии случаи како со Благојче. Болеста е прогресивна и непредвидлива, и никој не знаеме што го чека утрешниот ден. Секој ден го живееме во страв и неизвесност! Престанете да тактизирате со нас болните од цистична фиброза. Не си играјте пинг-понг со нашите животи! Направете го го тоа што го бараме од Вас сега и веднаш за да не биде предоцна за секој еден од нас. Правете добри дела за со добро да ви се врати“, напиша Игор на „Фејсбук“.

Министерството за здравство денеска информира дека на разговор примило претставници на Асоцијацијата за цистична фиброза, пациенти со цистична фиброза и родители на деца со цистична фиброза. Соопштението беше објавено до јавноста, откако претходно пред МЗ претставници на Асоцијацијата, истакнаа дека се’ уште нема прогрес во однос на набавката на лекот трикафта.

Како што информираше МЗ целта на дискусијата била запознавање со процесот со кој Министерството веќе активно работи на изнаоѓање сеопфатно решение за овие пациенти. За таа цел, нагласува МЗ, е ангажирана работна група која од пред две недели работи на случајот. 

Следни Објави

Велика Среда: Жени, никако не правете го ова!

По влегувањето на Исус заедно со учениците во Ерусалим во пресрет на празникот Пасха, неговата популарност меѓу народот им пречела на властите и фарисеите и тие барале погодна можност да го фатат Исус и да го казнат. Прилика им се укажала во средата кога еден ученик Исусов по име Јуда […]