fbpx

Имале големи планови: Пејачката Елена Ристеска проговори за Мирко

Поп-ѕвездата и претприемачка Елена Ристеска е во шок по ненадејната смрт на познатиот македонски бодибилдер и фитнес-тренер Мирко Петровски.

Таа на социјалните мрежи сподели нивна зедничка фотографија и откри детали од нивниот професионален однос за кој јавноста допрва требало да биде информирана.

„Мирко бре, зошто не’ остави во шок и неверување? Зошто?! Спремавме цела кампања, планиравме и спортски бренд заедно.. 23 години се знаевме-23 години се почитувавме, си помагавме, вратите на твојот фитнес центар ми беа секогаш безусловно отворени, лојална ти бев исто толку години. Не сакав да чујам за друг фитнес центар.. Ист знак и ист подзнак бевме во хороскоп, иста професионалност и амбиција.. Ах.. ме остави без зборови.. Почивај во мир легендо!“, напиша Ристеска.

Човекот кој беше персонален тренер на многу познати личности, на последниот ден од минатата година одлучи да проговори за тешкиот период со кој се соочил. Неговата исповед можете да ја прочитате ОВДЕ!

Следни Објави

Естрадата вознемирена! Познатиот музичар претепан во кафеана

Физичка пресметка Естрадата вознемирена, познат музичар е претепан во кафеана. МВР извести дека на 3.3.2024 во 00.30 часот во СВР Скопје, К.Т.(29) од Скопје пријавил дека во угостителски објект во скопското село Марино, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од сопственикот на објектот, кој му го оштетил и музичкиот инструмент. […]