Почина познатиот актер Џон Бесли.
Како што пренесува „Холивуд репортер“, ѕвездата на серијата „Руди“ починал во вторникот во родниот град Омаха во Небраска.
Тажната вест ја потврди неговиот син.
Тој откри дека неговиот славен татко долго време имал проблеми со црниот дроб, па здравјето од ден на ден се’ повеќе му се влошувало.
„Го изгубив најдобриот другар“, напиша Мајкл на социјалните мрежи.
Џон Бесли ќе остане запаметен по филмовите V.I. Warshawski и The Mighty Ducks. Последното остварување во кое глумеше е хоророт Firestarter кој го сними минатата година.
Имаше 79 години.