fbpx

Почина славниот актер: Трогателна посвета од неговата драга пријателка

Почина Брет Хедли, ѕвездата од серијата „Млади и немирни“, пренесува „Дејли мејл“.

Актерот наводно починал во средата, а официјалната причина за смртта се’ уште не е објавена.

Тажната вест на социјалните мрежи ја објави неговата пријателка Мери Ен Халпин.

„Со тешко срце морам да се збогувам со мојот сладок пријател Брет Хедли“, напиша таа под неговата фотографија.

Мери Ен, која е фотограф, се присети и на своето познанство со познатиот актер.

„Бевме на час по глума и бевме „лошите деца“ во класот. Седевме во последните редови и се кикотевме. Ќе ми недостигаат разиграните и длабоки разговори со него, неговите смешни и флертувачки движења и блескавите очи. Го направи своето последно поклонување и грациозно не’ напушти“, напиша таа во трогателната објава.

Хедли е роден на 25 септември 1930 година во Луисвил, Кентаки. Прилично рано се одлучил за актерска кариера и студирал драма на Универзитетот во Ново Мексико.

Глумеше во бројни претстави, филмови и серии, а го видовме во продукции како „Волшебниот свет на Дизни“, „Ловци на соништа“, „Лотарија“, „Бејб“, „Убавицата и ѕверот“, „Неверојатниот Хулк“..

Најзначајниот момент во неговата кариера се случи во 1980 година, кога стана дел од екипата на серијата „Млади и немирни“ и брзо стана омилен херој меѓу љубителите на сапунските опери.

Иако го напушти шоуто по една деценија во 1991 година, тој направи сензационално враќање во 1998 година и помина уште една година во шоуто пред да го напушти засекогаш.

Следни Објави

Беше една од најубавите југословенски актерки: Наташа крие мрачна тајна (ФОТО)

Една од најубавите југословенски актерки, Гала Виденовиќ Алексиќ, иако се прослави во филмот „Јагоди во грлото“, јавноста најмногу ја памети по серијалот „Жикина династија“ каде ја глумеше Русинката Наташа. Глумицата која цела поранешна Југославија ја фасцинираше со улогата на Естер во легендарниот филм „Бал на вода“ никогаш не го експонирала […]