fbpx

Смртта на првата љубов никогаш не ја преболе, го погреба синот, а потоа и сопругата

Пред три години, Џон Траволта остана без саканата сопруга, актерката Кели Престон. Неговата идеална половина со која беше во брак 29 години, ја загуби битката со карцином на дојка.

Ова беше само една од трагедиите кои му се случија на славниот холивудски актер. Со првиот сериозен животен удар се соочил кога имал само 22 години.

Во тоа време бил лудо вљубен во четири години помладата колешка Дијана Хајлан. Во 1977 година, Траволта за американскиот магазин „Пипл“ изјави дека никогаш немал такви емоции за било која друга девојка.

За жал, после само седум месеци од започнувањето на нивната романса, Дијана починала од карцином на дојка.

По нејзината смрт, ѕвездата од филмовите „Треска на саботната вечер“ и „Брилијантин“ долго време се опоравуваше. Имаше попатни афери, но ниту една жена не успеала да го освои неговото срце, се’ до моментот кога на една вечера организирана од саентолошката заедница не ја запознал Кели Престон. Токму таа успеала да му помогне да ги излекува старите рани и да започне нов живот.

Кели во тоа време била во брак со актерот Кевин Гејџ, а претходно се забавувала и со Џорџ Клуни.

„Беше тоа љубов на прв поглед“, изјавуваа Кели и Траволта подоцна во нивните заеднички интервјуа.

Станаа позната двојка за пример и заедно успеаја да ги пребродат и најмрачните епизоди, меѓу кои и смртта на нивниот 16-годишен син Џет. Таа семејна трагедија уште повеќе ја зацврсти нивната врска.

Џет беше роден со аутизам, а во согласност со саентолошките принципи, неговите родители одлучија да го лекуваат со алтернативни методи, мислејќи дека силните лекарства и третмани можат само да го загрозат здравјето на нивниот син.

На семејниот одмор во 2009 година, додека неговите родители ја славеле новогодишната ноќ во хотелот, Џет во еден момент се онесвестил. Го пронашла собарката која веднаш повикала брза помош, но, за жал, му немало спас.

Неговото семејство тогаш се најде на удар на медиумите дека не било присутно во моментот кога доживеал напад.

„Животот за мене престана да има смисол, долго време ми беше потребно да се вратам во нормала“, призна Траволта.

Фото: Профимедија

Следни Објави

Штити од депресија, дури и од рак: Грчки народен лек од само 2 состојки

Овој деликатес кој се покажал како одличен во превенцијата на многу болести се споменува уште во Хомеровата епопеја „Илијада“. Има неверојатен вкус и се состои од само две состојки. Со една лажичка од оваа смеса во телото внесувате цинк, железо, влакна, магнезиум, калциум, бакар и бројни витамини, особено оние од […]