fbpx

Најсмешните сцени ги сними со Рејчел: Почина ѕвездата на „Пријатели“

Ѕвездата на серијата „Пријатели“, актерот Пакстон Вајтхед, почина на 86-годишна возраст.

Вајтхед, кој глумеше на Бродвеј и беше редовен гостин во низа популарни серии од деведесеттите, починал во петокот во болница во Вирџинија.

Тажната вест за „Холивуд Рипортер“ ја потврди и неговиот син Чарлс.

Вајтхед стана светски познат по улогата на г-дин Волтам, шефот на Рејчел Грин, која ја игра Џенифер Анистон, во Блумингдејл во четвртата сезона на хит-серијата „Пријатели“.

Следни Објави

Мајкин! Порасна синот на Зуица Лазова и Наум Петрески (ФОТО)

Една од најпознатите македонски двојки, фолк-ѕвездите Зуица Лазова и Наум Петрески живеат заедно повеќе од деценија и пол, но малкумина знаеја дека се’ до лани тие не беа во брак.   Популарните пејачи дури во јули минатото лето решија да склопат граѓански брак и да се заколнат пред Бога. Плод на […]