fbpx

Неочекуван потег! Сите се чудат, ја кажала ли вистината за Коста Кецмановиќ?

Дадилката на Коста Кецмановиќ (13) повторно е повикана на сослушување, а причината наводно е тоа што имало повеќе недоследности во нејзиниот исказ.

Таа првично изјавила дека иако поминала 12 и пол години со него и мислела дека го знае најдобро од сите, била во шок поради масакрот, вели извор на порталот „Република“ близок до истрагата.

Жената нагласила дека нема сознанија дека момчето знаело да пука.

„Никогаш не го видела со оружје, ниту знаела дека оди на стрелиште и дека умее со оружје. Не ни забележа дека го интересира нешто такво“, вели изворот.

Дадилката изјавила и дека Коста бил примерно момче, со добри манири. Го опишала како вредно и паметно дете кое никогаш не правело проблеми. Негирала дека знаела оти таткото го учи момчето да пука.

Коста на трети мај уби десет луѓе, девет ученици и еден возрасен човек, вработен во училиштето како обезбедување.

И по повеќе од 40 дена од злосторството, осомничениот Кецманивиќ е смирен и не покажува никакво каење за делото, тврди извор од психијатриската клиника кадешто е сместен.

Следни Објави

Ужас! Се појавија први снимки, ученик застрела наставник во Босна (ВИДЕО)

Во основното училиште во Лукавац во Босна и Херцеговина утрово имало пукање во кое едно лице се здобило со повреди во пределот на вратот и во моментов е на операција. Пациентот со иницијали О.Н. е хоспитализиран во УКЦ Тузла со прострелна рана во пределот на вратот. Според првичните информации има […]