fbpx

Естрадата тагува: Почина познатиот музичар, тажната вест ја соопштија колегите од бендот

Тапанарот на групата Urge Overkill, Блеки Оназис, роден како Џон Роуан, почина на 57-годишна возраст.

Веста за смртта ја соопштија колегите од бендот.

„Ве молиме почитувајте ја нашата приватност во овој момент. Испраќаме љубов до членовите на семејството и до фановите“, се вели, меѓу другото, во соопштението.

Причината за смртта се’ уште не е позната.

Urge Overkill е американски алтернативен рок-бенд оформен во Чикаго. Најпознат е по темата Sister Havana и по обработката на хитот Girl, You’ll Be a Woman Soon на Нил Дајмонд која беше искористена во култниот филм „Евтини приказни“ на Квентин Тарантино. Последниот албум групата го издаде минатата година.

Следни Објави

Ja изгубив ќерка ми поради глупост: Потресно сведоштво на Марија, родители внимавајте

Саманта Џенкинс од Велс имала 19 години кога починала во 2011 година. Почнала да се чувствува исклучително лошо на само три дена пред да умре. По повеќе од една деценија од смртта на несреќната тинејџерка, нејзината мајка Марија Морган за „Велс Онлајн“ раскажува дека на кобниот ден се сеќава како […]