fbpx

Молете се за моето чедо: Почина двегодишно дете, причината е страшна

Мајка ја вознемири јавноста откако конечно се огласи по смртта на својот син кој пред неколку месеци почина по напад од семејниот пес.

Двегодишното момче се здобило со тешки повреди на главата откако бил нападнат од својот домашен миленик. Талан од Квинсленд итно бил пренесен во болница каде му била извршена операција на мозокот, подоцна бил ставен во индуцирана кома, но за жал починал.

Неговата мајка конечно сподели фотографија од своето чедо и побара луѓето да се молат за него.

„Те сакам мое слатко момче. Молете се за моето бебе“, напиша таа.

Тетката на детето, Бекс Њуман, претходно изјави дека иако лекарите дале се’ од себе да ѝ го спасат внукот, повредите биле претешки.

„За жал, не успеаја да го сопрат крварењето и неговите органи почнаа да се гасат“, откри таа.

Следни Објави

По цела недела не станував од кревет од болки: Ново потресно сведоштво на Лила

Лила за „Слободен печат“ искрено раскажува дека по секоја хемотерапија имала големи болки, поради кои не излегувала од својата спална соба. Само една недела потоа, помеѓу две хемотерапии, таа посветено работела, патувала, се дружела со луѓе, сѐ до новата, која повторно ја врзувала за кревет. Стрпливо броела кога ќе поминат осумте препишани, […]