fbpx

Почина Александар (2), причината е страшна: Се заразил на базен, му немало спас

Дете од Арканзас почина откако се заразило со ретка амеба што го јаде мозокот на која бил изложен во кантри клуб во Литл Рок.

Момчето на возраст од 16 месеци си играло во клубот кога се заразило со амеба која живее во вода и предизвикува воспаление во мозокот. Амебата го уништува ткивото, убивајќи речиси 100 отсто од своите жртви.

Одделот за здравство на Арканзас преку лабораториско тестирање потврди дека игралиштето на вода содржи траги од амеба. Клубот веднаш го исклучил системот за базен и прскалки.

Државниот судски лекар објави дека Мајкл Александар Полок Трети починал во детската болница во Литл Рок. Се верува дека тој е една од петте жртви на инфекцијата што го јаде мозокот од почетокот на годината, а претходната жртва е жител на Тексас кој починал откако пливал во езерото во Остин.

Naegleria fowleri е едноклеточен микроорганизам кој живее во топла свежа вода. Паразитот навлегува низ носот, потоа патува низ носните шуплини и на крајот стигнува до мозокот каде се храни со мозочното ткиво, што доведува до тешки невролошки оштетувања.

Инфекцијата се нарекува примарен амебен менингоенцефалитис (ПАМ).

Не е јасно колку време поминало помеѓу изложувањето на организмот и смртта на момчето, иако инфекцијата обично напредува брзо. Симптомите се појавуваат помеѓу еден и 12 дена по пливањето во загадена вода, а смртта обично следи околу пет дена подоцна.

Симптомите првично личат на вирус, вклучувајќи главоболка, гадење, треска и вкочанет врат, но брзо напредуваат во посериозни невролошки проблеми, вклучувајќи напади, халуцинации, кома и често смрт.

Од 1962 до 2022 година, потврдени се само 157 случаи на ПАМ, а преживеале само четири лица.

Следни Објави

Страшни детали, имаше само 36 години: Пејачот од „Ѕвездите на Гранд“ прерано нè напушти

Речиси две години по трагедијата, не стивнуваат реакциите по прераната смрт на Јасмин Хасиќ, поранешниот финалист во „Ѕвездите на Гранд“ и интерпретатор на кој му предвидуваа блескава кариера. Талентираниот пејач имаше само 36 години кога го напушти овој свет. Му беше откриен тумор на бубрезите поради кој беше итно опериран […]