fbpx

По цела недела не станував од кревет од болки: Ново потресно сведоштво на Лила

Лила за Слободен печат“ искрено раскажува дека по секоја хемотерапија имала големи болки, поради кои не излегувала од својата спална соба.

Само една недела потоа, помеѓу две хемотерапии, таа посветено работела, патувала, се дружела со луѓе, сѐ до новата, која повторно ја врзувала за кревет. Стрпливо броела кога ќе поминат осумте препишани, се гледала себеси во огледало без коса и наоѓала сила дури и да се пошегува на своја сметка.

„Единствените денови кога не можев да работам буквално ништо, ниту за Инстаграм ниту за телевизија, беа деновите по првите четири хемотерапии, а примив осум. Цела недела имав несносни болки, тоа беа денови кога буквално не излегував од соба, дури не излегував ниту од спална, затоа што, знаете што е мигрена – такви беа моите болки. Тоа беа нуспојавите на моите терапии, едноставно, секаде е различно. Познавам жени кои, благодарам на Бога, немаат такви нуспојави, и многу се радувам кога ќе слушнам такво нешто. Меѓутоа, по тие седум дена, јас се фрлав на нормален живот“, раскажува Лила за „Слободен печат“.

Следни Објави

Почина на својот роденден: Македонија тагува, колегите и пријателите во шок

Почина Крешник Ајдини, новинар, преведувач, културен работник и активист за граѓанското општество. Ајдини починал вчера, на 16 јуни, на својот 55-ти роденден. Тој е основач и сопственик на Лајф Радио во 2002 година, познато по општествено одговорните содржини и пораките за мир и помирување во земјата. Ќе остане запаметен и […]