fbpx

Вера доцнела на работа, па стопирала: По пола саат ѝ се променил животот

Медицинската сестра Вера Антонова често имала обичај да доцни на работното место, но секогаш одбивала да стопира и по цена уште два часа да остане на патот чекајќи меѓуградски превоз.

Но, еден ден, оваа 32-годишна жена била принудена да отстапи од своите принципи. Ситуацијата била критична. Ѝ почнувала важна смената и не семеела да задоцни. Автобусот воопшто не се појавил на станицата и превозот со непознато лице бил единствената опција.

Ситуацијата со која се соочила подоцна, детално ја опиша во интервју за еден руски портал.

„Пред мене застана бело комбе. Возачот отвори прозор и љубезно ме праша каде одам. Пренесуваше некое месо. Си помислив дека се’ делува нормално и дека не смеам да ја испуштам оваа можност. Влегов и се возевме заедно речиси еден час. Кога си ја отвори душата, знаев дека некако сме поврзани. Ми раскажа како пред две години ја загубил жената, како останал сам со две деца и како мора секојдневно да вози по два-три часа во еден правец за како вработен во кланица си ги прехрани чедата. Ми рече и дека има факултетска диплома, но дека не успеал да се вработи по струка, па морал да прифати било што. Беше многу пријатен, имаше убава насмевка. Почувствував некаква хемија и си ги разменивме броевите“, раскажува Вера.

Два месеца подоцна, таа и Константин почнале да се забавуваат. На Вера која дотогаш живеела сама, ѝ требало време да се навикне да има некој покрај себе.

„Мораше да помине покрај неколку скенери“, се шегува Вера.

Вели дека ако со Константин се запознале неколку месеци порано, тешко дека помеѓу нив би се случило нешто.

„Животот е полн со изненадувања“, заклучува таа.

Следни Објави

Ја запроси, па се случи нешто неочекувано: Ова ќе го паметат дур се живи

Има неколку ситуации во животот кои не се забораваат. Првото вработување, раѓањето на првото дете, дипломирањето, запросувањето.. Токму ова последново оваа симпатична љубовна двојка ќе го памети засекогаш. Причината? Нивниот прекрасен лабрадор Оскар и неговото однесување во еден таков важен момент за двајцата. Дилан одлучил да ја побара раката на […]