fbpx

Се родив девет дена по смртта на татко ми, ме однеле на рид да ме погребаат: Потресно сведоштво на Дракче

Филмска животна приказна

Популарната Драгче пошироката публика ја препознава по проектот „Патот на светлината“, емисија во која ги толкуваше соништата. Таа се’ уште е активна на екранот, но со поинакви проекти. Истовремено ужива огромна популарност на социјалните мрежи.

Драгица Стевковска во своето последно интервју како никогаш досега си ја отвори душата. Вели дека нејзината приказна е многу тажна. 

„Повеќе сум страдалник на веков, отколку среќник. Родена сум девет дена по смртта на татко ми кој загинал во сообраќајка на 23 години. Мајка ми била во седмиот месец од бременоста и се породила од тага предвреме. Три дена била во безсознание и не била во можност да ме задои со мајчино млеко. Баба ми ме завиткала со крпи и ме ставила во кошница до шпоретот. Сум имала само 950 грама. Првите 40 дена ми давала вода и малку шеќер, а мачките лежеле врз мене. На 40-тиот ден ниту сум мрдала со раце и нозе, ниту сум плачала. Мислеле дека сум мртва. Ме однеле на рид да ме погребаат, оти по народни обичаи некрстено дете не се закопува на гробишта. Но,тогаш сум почнала толку силно да плачам, што се исплашиле и ме вратиле дома“, открива Стевковска за „Женски магазин“.

Прабаба ѝ и мајка ѝ решиле да ја носат кај баба Ванѓа во Петрич.

„Дел од патот од Делчево до Петрич го изоделе пешки, дел со запрежна кола. Стигнале длабоко во ноќта. Пред нејзиниот дом имало многу луѓе. Баба Ванѓа излегла надвор и рекла „Дајте ми го сирачето да го видам“. Ме зела во својот скут, ме кренала кон ѕвездите и рекла дека ќе живеам. Ѕвездите ме сакаат и цел свет ќе знае за мене, зашто ќе имам изразени претчувства и за другите луѓе“, вели Стевковска за „Женски магазин“.

Следни Објави

Пред Митровден небото се отвора: Ова мора да го направите!

Митровден е празник посветен на светиот великомаченик Свети Димитриј, кој секоја година се празнува на 8-ми ноември. Празникот се слави на целиот Балкански полуостров. Традиционално, Митровден го означувал почетокот на студеното време (зимата). Така, на Митровден се најмувале полјаци, протуѓери, кметови итн., кои служеле до Ѓурѓовден. Именден празнуваат: Димитрија, Митре, Димо, Димко, […]