fbpx

Славниот пејач се самоуби на 33 години: Светот во шок, од него се прости и Џастин Бибер

Корејскиот пејач Чои Сунг-Бонг, поранешен финалист на шоуто „Кореа има талент“, почина на 33-годишна возраст.

Полицијата во Сеул потврди дека Чои, кој учествувал во ТВ шоуто во 2011 година, извршил самоубиство.

Полицијата го пронашла мртов во неговиот дом во јужен Сеул во вторникот наутро, на 20 јуни, пишува „Индипендент“.

Настапот на Чои Сунг-Бонг во споменатиот натпревар стана вирален на „Ју тјуб“ и е прегледан повеќе од 20 милиони пати.

Чои напиша мемоари за неговото патување од сиромаштија до слава.

Многу познати личности се простија од пејачот, а светската ѕвезда Џастин Бибер на својот Фејсбук профил напиша дека Чои Сунг-Бонг е „одличен“.

Чои беше во центарот на вниманието во 2021 година, откако започна кампања за собирање средства во која тврдеше дека се бори со повеќе форми на рак и дека му се потребни пари за лекување. Подоцна беше откриено дека ова е измама. Чои им кажа на обожавателите дека ги вратил сите донации.

Следни Објави

Баба Ванѓа ѝ го промени животот: Ми рече да заспијам на купче шеќер, сѐ ми се оствари

Една од легендите на бугарскиот спорт, светската рекордерка во скок во височина Стефка Костадинова, раскажа неверојатна приказна на една бугарска телевизија откривајќи како во 1985 година баба Ванѓа ѝ го променила животот. Костадинова била во кампот во Петрич со националната атлетска репрезентација. Познаник ѝ средил да се види со јасновитката. […]