fbpx

Славниот актер пронајден мртов во својот абтомобил: Оставил проштално писмо

Јужнокорејскиот 48-годишен актер Ли Сун-Kјун кој стекна светска слава со оскаровскиот филм „Паразит“ е пронајден мртов во својот автомобил во Сеул.

Полицијата соопшти дека менаџерот на Ли прво го пријавил актерот за исчезнат, а потоа властите добиле повик и од неговата сопруга која пронашла проштално писмо за самоубиство, пренесува јужнокорејската новинска агенција Јонхап.

Славниот актер беше под полициска истрага поради неговата наводна употреба на марихуана и други психоактивни дроги.

Ли трипати бил испрашуван од полицијата, вклучително и 19 часа во текот на викендот. Актерот рекол дека бил измамен да зема дрога од менаџерка на бар, која потоа се обидела да го уценува.

Јужна Кореја има строги закони за дрога, а казните се од најмалку шест месеци до 14 години затвор за дилери кои го повториле делото.

Ли беше обвинет во дел од голема операција против наркотици во Јужна Кореја, во која беа вклучени бројни познати личности. Во текот на истрагата, сите тестови за дрога на Ли биле негативни.

Во филмот „Паразит“ тој го играше Парк Донг-Ик, таткото на богатото семејство Парк. Корејскиот филм освои четири оскари во 2020 година, вклучувајќи ја и главната за најдобар филм. 

Следни Објави

Со голема тага ги пишувам овие редови: Зоран Михајлов скршен од болка

На 73-годишна возраст почина Мирослав Бошковиќ (1950-2023), поранешен атлетичар и професор по историја во пензија. Беше најголем хроничар на македонската атлетика. Оние што го познаваа имаат само пофални зборови за него. Се огласи и легендарниот спортски новинар Зоран Михајлов. „Со голема тага ги пишувам овие редови и не можам да […]