fbpx

Мадона пронајдена без свест: Најнови детали за здравјето на легендарната пејачка

Кралицата на поп-музиката минатиот викенд била итно хоспитализирана поради тешка бактериска инфекција

Поради здравствени проблеми Мадона завршила во болница и задржана на одделението за интензивна нега, пренесуваат светските медиуми.

Веста за здравствените компликации на пејачката првично ја објави нејзиниот менаџер, во соопштение во кое се наведува дека таа била принудена да ја откаже турнејата поради лошата здравствена состојба.

Мадона била пронајдена без свест од нејзината ќерка во Њујорк, па веднаш била пренесена во болница и интубирана, пишува „Пејџ сикс“.

Според последните информации, таа сега е свесна и се опоравува.

Следни Објави

Македонија тагува по Андреева: Вечна ѝ слава

Емилија Андреева (1955 – 2023) Со огромно жалење ја споделуваме веста за смртта на нашата колешка – актерката Емилија Андреева. Емилија Андреева дипломира на Вишата музичка школа во Скопје, на отсекот за драмски актери, во 1977 г. Дел е од ансамблот на Македонски народен театар – Скопје повеќе од 40 […]