fbpx

Цеца мораше итно на операција: Нови детали за зафатот

Цеца во минатото имала големи проблеми со здравјето, за кои не секогаш ја информирала јавноста.

Неодамна неколку српски медиуми открија дека Цеца завршила на операција која долго ја криела од јавноста.

Во 2013 година здравјето на Цеца Ражнатовиќ било сериозно загрозено. Имено, фолкерката доживеала тешка повреда на ‘рбетот на која не само што не обрнувала многу внимание, туку и продолжила да носи високи потпетици. Откако болките во грбот зачестиле, таа се обратила кај својот матичен доктор, по чиј совет се согласила да интервенира во силиконските импланти во градите, кои дополнително ѝ вршеле притисок на ‘рбетот.

„Имав интервенција на градите која не беше само од естетски причини, туку пред се имаше здравствен карактер. Попатно ја коригирав и нивната големина, но приоритет ми беше здравјето“ изјави подоцна Цеца.

Таа стoички издржа се’ што и се случуваше на здравствениот план во тие денови.

,,Семејството и работата ме одржаа и ме натераа да останам ментално силна. Основата од која човекот акумулира енергија и удобност е првенствено семејството, а јас сум многу среќна што ја работам најубавата работа на светот. Мојата публика за мене секогаш е голема поддршка и во добро и во зло“, нагласи таа.

Здравствената состојба на Цеца Ражнатовиќ сега е во одлична состојба, па ужива во настапите. Македонската публика редовно ја гледа и во жири-комисија на шоуто „Ѕвездите на Гранд“.

Следни Објави

Пере од „Нокаут“ скршен од болка: Денес, срцето ми е тешко

Никола Перевски-Пере, пејачот на популарниот бенд „Нокаут“, сподели тажна вест со своите пријатели на социјалните мрежи. Популарниот македонски музичар со трогателна посвета се прости од мајка си. „Денес, срцето ми е тешко додека се збогувам со жената која ме научи на вистинското значење на љубовта. Мамо, додека не се сретнеме […]