fbpx

Познатата пејачка итно префрлена во болница: Лекарите откриле згрутчување на крвта

Јавноста во шок, фановите се молат за нејзиниот живот

Тори Кели е итно е хоспитализирана. Американската пејачка и двократна добитничка на „Греми“ била со пријателите во ресторан кога почувствувала дека срцето ѝ чука забрзано, по што се онесвестила.

Постојат индиции дека здравствената состојба на талентираната 30-годишна кантавторка е сериозно нарушена. Лекарите откриле згрутчување на крвта во нозете и во белите дробови и истражуваат дали е зафатен и делот околу срцето.

Музичката ѕвезда била во ресторан во Лос Анџелес кога се пожалила на забрзан пулс. Таа колабирала, а пријателите ја однеле во болницата Cedars-Sinai во Западен Холивуд.

Нејзиниот портпарол одбил да го коментира случајот за „Пејџ Сикс“.

Тори Кели која се прослави во шоуто за таленти „Американски идол“ подготвуваше нов албум кој го најави со синглот Missin U.

Следни Објави

Син ѝ исчезна во Грција пред 32 години: „Ми се јави маж кој тврдеше дека е моето чедо, па доживеав ноќна мора“

Бен Нидам имал година и пол кога исчезнал. Последен пат бил виден на островот Кос во дворот на куќата на неговиот дедо во 1991 година. Момчето и неговата мајка се преселиле во Грција, скакош то таа вели, да започнат нов живот. Кери, мајката на Бен, пред неговото исчезнување мислела дека […]