fbpx

Комарец ја касна на чело, по една недела почина: Лекарите го игнорираа ОВА!

Девојка од Велика Британија починала откако развила смртоносна инфекција по убод од комарец.

Оријана Пепер (21) во јули 2021 година била на обука за пилоти на компанијата „Изиџет“ во Белгија, кога ја каснал комарец на чело. Местото на убодот, над десната веѓа, веднаш ѝ отекло. Момчето ја однело во болница плашејќи се од инфекција или евентуална алергија, но таму ѝ дале само антибиотици и ја пратиле дома.

Оријана и партнерот Џејмс се запознале во Феникс на обука за пилоти, а подоцна заедно биле преместени во Белгија. Тој пред судот раскажа дека и двајцата биле каснати од комарци во повеќе наврати во тие два месеца колку што престојувале во Антверпен. Никогаш, ниту еден од нив не добил алергиска реакција, ниту пак инфекција.

„Локалните жители ни рекоа дека комарците се нормална појава во мај и во јуни, но на Оријана почна да ја боли челото, целото ѝ беше црвено и отечено и почна да чувствува силни болки во грбот. Сепак, лекарите ѝ рекоа само да ги пие препишаните антибиотици и ја пратија дома“, раскажа нејзиното момче.

Оријана паднала во делириум, не можела да зборува како што треба, а потоа изгубила свест. Починала по три дена откако била хоспитализирана.

Извештајот на патолозите покажа дека девојката, која сонувала да биде пилот, починала од сериозна инфекција по убод од комарец. Оријана добила сепса која се проширила на мозокот и предизвикала емболија која ја убила.

„Никогаш не сум имал ваков случај. Неверојатна трагедија за млада дама која пред себе го имала целиот живот и блескава кариера“, им порача лани на медиумите патологот Најџел Парсли.

Родителите на Оријана се’ уште не можат да се помират со трагедијата. Велат дека со поддршка од синовите Оскар и Оливер ја основале фондацијата која го носи името на нивната покојна ќерка, а која финансиски им помага на девојчињата кои сакаат да се запишат на Академија за пилоти.

Следни Објави

Пресврт! Оваа жена била фатална за монструмот од Градачац, нови шок сознанија

Босанскиот портал „crna-hronika.info“ пишува дека, според неофицијални информации, полицајката Џ.С. бил во врска со бодибилдерот Нермин Сулејмановиќ и дека наводно токму таа му ја дала точната локацијата каде се крие неговата невенчана сопруга Н.Х. по што ја убил. Полицијата и обвинителството проверуваат дали оваа информација е вистинита. Тетката на убиената Низама […]