fbpx

Застрелани двајца Македонци на Халкидики: Едниот почина, сторителите се во бегство

Трагедија ја вознемири македонската јавност

Синоќа е пукано врз двајца македонски државјани во познатото летувалиште Ханиоти на Халкидики, јавуваат грчките медиуми.

Двете лице биле застрелани околу 3:30 часот. Тие веднаш биле пренесени во Здравствениот дом Касандра. Едниот им подлегнал на повредите и е на возраст од 39 години, додека неговиот 45-годишен пријател е хоспитализиран со повреди во болницата Полигирос.

Според очевидци, две непознати лица со качулки на мотор се приближиле до изнајмениот апартман во којшто престојувале и пукале во нив.

Неофицијално, станува збор за пресметка на кланови поврзани со неодамнешните убиства во еден скопски локал.

Сторителите се во бегство.

Фото: Ситипортал.гр

Следни Објави

Познат скопски лик: Еве кој е убиениот македонски државјанин во Ханиоти

Двајца македонски државјани се застрелани, а еден им подлегнал на повредите рано утрово во туристичко место во Ханиоти, Халкидики. Убиството, според пишувањата на грчките медиуми, се случило во 3 часот и 30 минути по полноќ. Непознати лица на Халкидики испукале десетици куршуми, во 39-годишен бизнисмен кој бил сопственик на казино […]